Услови на користење

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Санмарти ДОО Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб-страница во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Овие услови се применуваат на сите содржини и услуги на веб-страницата www.sanmarti.com.mk.

Се смета дека корисниците се запознаени со овие услови доколку користат било кој дел од веб-страницата, како и дека прифаќаат користењето да биде исклучиво за лични потреби и на сопствена одговорност.


ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

Санмарти ДОО (во понатамошниот текст: „Контролор“)

Адреса: Маршал Тито бб, Тетово / Јадранска Магистрала 133, индустриска зона Визбегово

Телефон: 075 224 454

Е-mail: [email protected]

Веб-страница: www.sanmarti.com.mk


Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на веб-страницата, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале условите и дека во целост се согласувате со нив. Доколку не се согласувате со истите, Ве молиме да не ја користите оваа веб-апликација.


1. Општи одредби

Sanmarti.com.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерски код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола од носителот на авторските права претставува повреда на авторските права и подлежи на тужба.

Санмарти ДОО ја администрира оваа веб-страница од своите канцеларии во Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија. Пристап од подрачја каде што содржината е незаконска е забранет.

Користење, извоз, увоз или било какво копирање и прилагодување спротивно на важечките закони и прописи, вклучително и прописите за извоз на Република Северна Македонија, не е дозволено.

Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија.

Санмарти ДОО го задржува правото во секое време да ги измени овие услови преку ажурирање на овој документ. Корисниците се должни периодично да ги проверуваат условите.


2. Материјали кои ги доставува корисникот (коментари и други содржини)

Личните податоци доставени со цел купување ќе бидат третирани согласно нашата Политика за приватност.

Забрането е испраќање незаконски, навредливи, заканувачки, клеветнички или било какви материјали спротивни на закон.

Санмарти ДОО не бара доверливи информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и соопштенија испратени преку веб-страницата нема да се сметаат за доверливи (со исклучок на личните податоци). Компанијата може да ги користи за комерцијални и некомерцијални цели.

Личните податоци се користат исклучиво за обработка на нарачки и не се откриваат на трети лица, освен во согласност со закон.


3. Врски (линкови) кон други веб-страници

Линковите кон други веб-страници се поставени за олеснување на користењето. Со нивно користење ја напуштате нашата веб-страница.

Sanmarti.com.mk не ги контролира тие страници и не одговара за нивната содржина, софтвер или резултати од нивното користење. Пристапот е на сопствен ризик.


4. Кориснички блог

Санмарти ДОО може, но нема обврска, да надгледува содржини поставени од корисници.

Компанијата го задржува правото да отстрани содржини што ги смета за непристојни, клеветнички или навредливи.

Сите информации поврзани со трансакцијата купувач – продавница Санмарти ДОО се сметаат за деловна тајна.


КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА


Креирање на налог

За купување потребна е регистрација. Потребно е да внесете лични податоци и да ја потврдите регистрацијата преку е-mail.


Избор на производи

Производите се достапни преку категории и филтри (категорија, бренд, цена). Со клик на производ добивате детални информации. Производите се додаваат во корпа со копчето „КУПЕТЕ“.


Содржина на корпата

Со клик на иконата за корпа можете да ги прегледате, измените или отстраните производите.


Нарачување

Процесот се состои од избор на адреса, метод на испорака и начин на плаќање. По потврда, нарачката се процесира.


Достава

Рокот на испорака е од 3 до 7 работни дена за достапни производи. Производи кои не се на залиха може да се резервираат со рок до 60 дена.


РЕКЛАМАЦИИ

При прием на пратката проверете ја состојбата. Во случај на оштетување или несоодветен производ, контактирајте на:

Тел: +389 75 216 555

Е-mail: [email protected]

во рок од 24 часа од приемот.

Производот се испраќа на сопствен трошок. По проверка се врши замена.


ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Се собираат неопходни податоци (име, адреса, e-mail, телефон) за обработка на нарачки.

Податоците се користат исклучиво за интерна употреба и не се достапни на трети лица освен согласно закон.

Плаќањата се извршуваат преку SSL протокол. Процесот го обезбедуваат CARD и УНИБанка АД Скопје. Податоците од картичките не се достапни на нашиот систем.

Корисниците имаат право на:

– Информација за обработка

– Пристап до податоци

– Измена или бришење

– Ограничување на обработка

Контакт: [email protected]


ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Повратот на средства за плаќања со картичка се врши исклучиво преку VISA и Maestro.

Трошоците за враќање ги сноси купувачот согласно ценовникот на Банката.


ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Татјана Стојниќ Мартиноска

Тел: +389 75 216 555

E-mail: [email protected]